Зачинета салата со ориз и пилешко. Секое јадење станува повкусно ако се служи со сезонска салата.




Она што е добро за салатата што ви ја претставуваме денес е што можете лесно да ја направите, да ја чувате во фрижидер неколку дена и да ја користите кога сакате. Зачинета салата со пилешко и ориз, исто така, може да биде оброк сама по себе доколку преферирате полесен ручек. Нејзината тајна состојка е виолетова зелка, која на салатата и дава софистицирана боја.




Состојки:
- 1 и пол шолја кафеав ориз
- ¼ чаша оцет
- 1/4 шолја масло
- ½ чаши свежо исцеден сок од лимета
- 4 чешниња лук
- 3 пиперки без семки, мелени
- ¼ шолја шеќер
- ½ лажички мелен црвен пипер
- 2 чаши пилешко исечено на коцки
- ½ главица зелка по можност црвена, ситно сецкана
- 1 главица кромид
- ¼ шолја сецкан коријандер
- 1 морков
Подготовка:




Сварете го оризот според упатството на пакувањето. Кога ќе се свари, префрлете го во широк, длабок сад да се излади додека го подготвувате преливот.




Потоа, во помал сад измешајте ги оцедот, маслото, сокот од лимета, лукот, пиперките измелени, шеќерот и црвениот пипер. Се добро измешајте.




Во изладениот ориз, варен или печен, додадете го пилешкото месо по вкус и украсете со ситно сечкана виолетова зелка, млад кромид, коријандер и рендан морков. Готовиот прелив посипете го врз оризот и пилешкото и измешајте се. Чувајте ја салатата во фрижидер до 4 дена.




Пријатно!