Засладете се со најубавите пецива од само неколку состојки: Ролати со крем од ванила и слатка павлака!

Вреди да се проба:

Прекрасен кремаст десерт подготвен за половина час!

Состојки:

  • 1 пудинг од ванила
  • 500 мл млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 шлаг ванила
  • 500 гр лиснато тесто
  • шеќер во прав по желба

Подготовка:

Гответе го пудингот во согласност со упатствата, па покријте го со проѕирна фолија за да не формира кора и оставете го да се излади. Извадете го одмрзнатото лиснато тесто и исечете го на ленти ширина од три сантиметри и долга околу 30 сантиметри, во зависност од тоа колку калапи имате за ролни за печење, (калапите треба да се со долгнавеста цилиндар форма на кој ќе го замотате тестото).

- Advertisement -

Завиткајте ги лентите околу подмачканите калапи, намачкајте го тестото со жолчка и печете во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути, или додека не порумени убаво. Оставете ролатите да се изладат добро.

Во меѓувреме, изматете ја слатката павлака во цврст шлаг и измешајте во половина кесичка крем ванила. Изладениот пудинг изматете го со миксер и комбинирајте го со шлагот. Ставете го подготвениот фил во шприц за пециво и наполнете ги оладените ролни. Посипете ги со шеќер во прав и послужете ги.

Уживајте!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!