Крцкаво, сочно пилешко месо, зачинето со сланина и кашкавал. Одозгора бешамел сос со сенф и презла како прелив.




Состојки:
- 700 гр пилешко бело месо (сварено и сецкано на лентички)
- 250 гр сланина (тенко сечена)
- 150 гр кашкавал (тенко сечена)
За бешамел:
- 4 лажици путер
- 4 лажици брашно
- 750 мл млеко
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажица сенф
- малку сол,
- црн бибер,
- црвен пипер
За прелив:
- 80 гр путер
- 180 гр презла
- малку сол, сув магдонос




Подготовка:
Пилешкото месо сварете го и потоа исецкајте го на лентички. Сланината и кашкавалот насечете ги на тенки ленти.
Тавата за печење премачкајте ја со путер. Најпрво ставете го пилешкото, потоа сланината, па одозгора распоредете го кашкавалот.




Во меѓувреме подгответе го бешамел сосот, во сад за готвење растопете го путерот и додајте го брашното. Малку запржете го брашното, па додадете го млекото и сокот од лимон.
Додадете сенф и зачинете со сол, црн бибер и црвен пипер. Подготвениот бешамел сос посипете го врз кашкавалот.




Во посебен сад за готвење растопете го путерот, додадете ја презлата, и зачинете со сол и магдонос. Убаво измешајте и смесата истурете ја врз бешамел сосот.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, се додека презлата не добие златно-кафеава боја.
Оставете го јадењето да се олади барем 15 минути, па сервирајте.




Добар апетит!
Извор: Mi Gusto