ЗАПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО МЛЕКО И СИРЕЊЕ: Прилог без кој не можете да замислите ниту еден оброк!

Вреди да се проба:

Реклама

Компирите и месото се комбинација која сите ја сакаат. Сега направете компири од рерна со млеко и послужете со месо или салата.

Вака подготвените компири можете да ги послужите со сланина, пржено месо. Сочно и вкусно ќе го збогати секој оброк, а како главно јадење можете да го послужите само со салата од зелка или печени пиперки. Лесно се подготвува и се пече само 20 минути.

Реклама

Состојки:

  • 600 гр компири
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици брашно
  • 800 мл млеко
  • 90 гр путер
  • 150 гр тврдо сирење

Подготовка:

Сварете ги компирите во солена вода. Кога ќе се изладат исечете ги на прстени. Наредете ги во плех, посолете по потреба. Загрејте ги путерот и маслото, па додадете го сечканиот лук и малку пропржете.

Потоа додадете брашно, пржете 1 минута и истурете млеко. Гответе 2-3 минути на тивок оган. Додадете сол, бибер и црвен пипер. На крај додадете рендано сирење (100 гр.). Готовиот фил прелијте го врз компирот. Посипете со околу 50 гр рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 190 ° C околу 20 минути.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -