Нашите баби го правеа тоа за појадок или вечера одамна, но денес цицварата е малку неправедно заборавена.
Состојки:
- 600 гр кравјо сирење
- 200 гр козјо сирење
- 200 гр крем сирење
- 3 дцл вода
- 3 дцл млеко
- 10 лажици пченкарно брашно




Подготовка:
Во сад, измешајте ги кравјото и козјо сирење и кремот.
Варете млеко и вода во тенџере, а потоа постепено додавајте мешавина од сирење и крем. Мешајте нон стоп во следните 15 минути додека не испари водата и смесата стане густа како тестото за палачинки.




- Advertisement -
Постепено додавајте лажица по лажица пченкарно брашно во следните 10 минути со постојано мешање до саканата густина. Мешајте уште 15 минути додека смесата не се изедначи и грутките исчезнат.
Послужете топло со чашка јогурт.




На здравје!