Нашите баби го правеле цело време.




Состојки:
- 1 кг сливи
- 4 лажици гриз
- 4 лажици шеќер
- 300 гр брашно
- 50 гр путер (ако користите маргарин или масло, може да биде посно)
Подготовка:




Измијте ги сливите и отстранете ги семките. Вклучете ја рерната на 180 степени. Премачкајте го садот со малку путер.
- Advertisement -




Посипете гриз со лажица, рамномерно насекаде. Наредете ги сливите преку гризот така што месестиот дел ќе биде надолу. Посипете шеќер врз сливите, потоа брашно, и на крајот исецкајте го путерот.




Ставете во загреана рерна да се пече 20-25 минути. Оставете ја печената пита со сливи да се излади, а потоа послужете ја млака.
Пријатно!