Рецепт за попара кој се подготвува за 10 минути.




Доколку во домот имате само стар леб, гладни сте и би сакале да изедете нешто топло и вкусно, ви предлагаме да направите попара.




Следете ги следните чекори и научете како да направите вкусно јадење од стар леб што ќе го сакаат сите членови на вашето семејство, особено децата.
Состојки:
- половина стар леб
- 200 гр бело сирење
- 400 мл млеко
- 2 лажици путер / маргарин
- сол
Подготовка:




Лебот исечкајте го на помали парчиња. Во садот на дното сипете малку вода, само да го покрие дното, па додадете млеко, па леб и сирење. Се убаво измешајте и ставете на оган со средна јачина да не изгори и варете со постојано мешање.




Кога лебот ќе омекне и сите состојки добро ќе се соединат, додадете 2 лажици путер, убаво измешајте и тргнете го од оган. Пробајте го вкусот, доколку е потребно, додадете малку сол. Послужете топло.




Пријатно!