Денес ви подготвивме рецепт за добро познатата жетварска салата. Тоа е вкусна салата која ја обожаваа нашите баби и дедовци! Ладна е и освежителна, па одлично му доаѓа на организмот во секоја доба.




Оваа салата е особено добредојдена во летниот период кога се големи горештини. Оттука најверојатно е и името, кога пред многу години се одело на жетва и кога имало пеколни горештини ова било главно јадење со топло домашно лебче.
Потребни состојки:
- 2 краставички
- 2 чешлиња лук
- Масло за јадење
- Оцет
- Сол
- Вода




Подготовка:
Лукот излупете го, малку исечкајте го и заедно со солта истолчете го. Двете чешниња лук се се толчат во толчник или дрвена чинија.




Краставицата измијте ја и исечете ја на ситни коцки и додадете ја во чинијата. По ваша желба може и да ја излупете.
Потоа се посолува по вкус и се става масло за јадење, оцет и вода. Налејте ладна вода од фрижидер. Добро промешајте и салатата е спремна.




Ова е прекрасна освежителна салата, добредојдена за летните горештини.