Реклама
Доколку обожавате месо, овој ручек може да биде како додаток со печено или пржено месо.




Потребни состојки:
- 1/2 кг компир, сечен на кругови
- 1 главица кромид, сечен на кругови
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- кашкавал
- 1 тиквица
- 1 кисела павлака
- 250 мл млеко
- малку брашно
- сол
- црн бибер
- сув зачин и мајчина душица.




Подготовка:
Тавата премачкајте ја со масло или домашна свинска маст. Потоа наредете ги сечените кругови компири, тиквица и кромид. Зачинете со мајчина душица.
Реклама




Во посебен сад измешајте брашно, ситно сецкан лук, млеко и зачини. Добро измешајте ја смесата и со неа прелијте го зеленчук во тавата.




Ставете да се пече во загреана рерна, на температура од 200 степени околу половина час. На крај изрендајте кашкавал одозгора и послжете.



