Етно рецепт од нашите баби: Ванилици – колачиња со мирис на детство!

Вреди да се проба:

Реклама

Ванилиците се омилено колаче на многумина. Лесно се прават, највкусни на цел свет и најбитно не враќаат во детството на гости кај баба.

Со оваа мерка излегуваат многу колачиња па доколку сакате мерките на состојките можете да ги преполовите, така што ќе ви излезат околу 70 колачиња.

Реклама

Состојки:

  • 250 гр маст
  • 250 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 250 гр мелени ореви
  • околу 700 гр брашно + за попрскување на работната плоча
  • џем од кајсија, слива или некој друг по ваш избор
  • шеќер во прав за посипување
  • 3 вреќи ванилин шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200С. Изматете ја маста на собна температура со миксер заедно со шеќерот. Додадете јајца и изматете ги заедно. Додадете ги мелените ореви и на крај измешајте го брашното со миксер, само заменете ги додатоците и ставете ги оние за тестото.

Исклучете го миксерот, месете малку со рацете за да добиете убаво, компактно тесто што не ви лепи за рацете, а потоа пренесете го тестото од садот до работната површина, попрскана со брашно. Расукајте го тестото со сукалка на околу 3-4 мм, а потоа со калап или мала чаша ракија, исечете го тестото и наредете го на плех, обложен со хартија за печење.

Реклама

Печете максимум 6 минути, додека малку да поруменат. Повторете го процесот додека не се потроши целиот материјал. Оставете ги печените ванилици да се изладат, а потоа комбинирајте ги со џем по желба и превртете ги во шеќер во прав, ароматизиран со ванила.

Ставете ги во метална кутија и оставете да отстојат најмалку 24 часа пред да ги послужите за да ги впијат аромата на ванила и вкусот на џем.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -