Еспресо чизкејк со чоколадна глазура: Одлично оди со шолја кафе!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Еспресо чизкејк со чоколадна глазура. Секој од нас ја има својата омилена слатка, онаа што сакаме да ја јадеме со попладневното кафе.

Додека некои претпочитаат чоколадни десерти, други претпочитаат овошје, а други преферираат крцкави варијанти со шлаг. Вкусовите се различни, поради што често се среќаваат неверојатни комбинации, исто како нашата денес. Што велите за дует од вашето омилено кафе и колачи? Нешто што ќе ве држи на нозе, но и ќе заслади со својот уникатен вкус. Нешто како чизкејк еспресо со чоколадна глазура.

Состојки:

За кората:

  • 2 и пол чаши трошки од чоколадо
  • 2 лажици шеќер
  • 4 лажици путер
- Advertisement -

За фил:

  • ¼ шолји слатка павлака
  • 2 и пол лажици инстант еспресо во прав
  • 1 кг крем сирење
  • 1 чаша кисела павлака
  • 1 и пол шолја шеќер
  • 5 јајца
  • 1 лажица чист екстракт од ванила
  • прстофат сол

За глазурата:

  • 1/3 чаша слатка павлака
  • 2 лажици сируп од пченка
  • ½ шолја сечкано млечно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Кружниот плех премачкајте го со спреј против лепење. За да ја подготвите кората, треба да измешате трошки од чоколадо со шеќер и стопен путер. Добиената смеса истурете ја на дното од тавата и печете во рерна околу 10 минути. Оставете потоа целосно да се излади.

За подготовка на филот потребно е во мало тенџере да се истури слатката павлака и да се остави да се вари на средна температура. Додадете еспресо во прав и измешајте да се соедини. Потоа се лади на собна температура. Од друга страна, измешајте крем сирење, павлака и изладена павлака со еспресо во прав со додаден шеќер. Кога се добро ќе се соедини, додадете ги јајцата едно по едно. На крајот измешајте ги екстрактот од ванила и солта.

Добиениот фил ставете го над изладената кора и вратете ја во рерна. Намалете ја температурата на рерната на 150 степени и печете околу 1 час. Исклучете ја рерната и оставете го колачот да отстои најмалку 1 час во рерна и 2 часа надвор, па дури потоа извадете го од калапот.

За да ја подготвите глазурата, загрејте ги павлаката и сирупот од пченка во мало тенџере на средна температура. Во помал сад ставете го млечното чоколадо и прелијте го со кремот кога ќе зоврие. Оставете да отстои околу 15 минути. После тоа, добиената глазура изматете ја со миксер и прелијте ја тортата.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

ИДЕАЛНА ЗА ПОЈАДОК ИЛИ ВЕЧЕРА: Француска пита со сланина!

Повкусно не сте пробале. Состојки: 300 гр праз 600 гр излупени компири 100 гр чадена сланина 250 грама брашно 150 мл вода 100 мл бело...

Кремасти тестенини во сос од спанаќ: Никој нема да им одолее!

Доколку немате многу време за подготовка на ручек, подгответе го ова исклучително вкусно и брзо јадење. Нема да вкусите ништо похранливо од тестенини со...

Едноставна супа од брокула: Минимално калории, максимално здравје!

За студените зимски денови најдобро е секој ден да подготвувате топла супа. Денеска предлагаме да биде супа од брокула Брокулата е една од најздравите намирници,...

МАКЕДОНСКИ КОЛАЧ: ПОСЕН, СОЧЕН десерт кој се топи во уста!

Во посните денови не треба да заборавиме на слатките, па затоа ви пренесуваме рецепт за македонска посна торта Состојки: 3 чаши брашно 2 чаши гриз ...

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: МОНАШКО ВАРИВО од рерна – посно или мрсно, одлучете сами!

Монашка чорба од манастирот Рукумија има своја посна и мрсна варијанта, а на вас е да одлучите како ќе ја приготвите. Состојки: Мешавина за ќофтиња: 500-700...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!