Реклама
Искористете ја предноста на сезоната на тиква и направете ја оваа феноменална пита!




Состојки:
- 500 гр кора од пита
- 1 кг тиква
- 100 гр мед
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички цимет
- 2 ванили
- масло по потреба
- шеќер во прав по желба
Подготовка:
Изрендајте ја тиквата и измешајте ја со мед, шеќер, ванилин шеќер и цимет. Секоја кора попрскајте ја со масло, рамномерно премачкајте ја со лажица од филот и завиткајте ја.
Реклама




Повторете го процесот со секоја кора и ставете го на плех обложен со хартија за печење. Во загреана рерна на 180 С, печете околу дваесет минути.




Пријатно!