Реклама
Вкусни и меки земички кои се прават многу брзо. Пригответе ги за појадок и издрадувајте ги најмилите…




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- ½ квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 200 мл вода
- 300 г брашно
- 1 јајце
- малку масло




ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
Реклама
- 1 жолчка
- сусам за наросување




Подготовка:
Во млака вода или млеко промешајте го квасецот со лажичка шеќер, додадете го јајцето, сол и брашно, па замесете тесто.




Тестото оставете го на топло да се удвои. Стасаното тесто премесете го и поделете го на помали делови.
Реклама




Обликувајте топчиња и распоредете ги во намастен плех. Премачкајте ги со жолчка и наросете ги со сусам. Можете и да ги засечете за да изгледаат подекоративно.




Ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени додека да заруменат. Кога се печени извадете ги од рерна и покријте ги со крпа за да омекнат.