Реклама
За студените зимски денови најдобро е секој ден да подготвувате топла супа. Денеска предлагаме да биде супа од брокула




Брокулата е една од најздравите намирници, се смета за ризница на витамини и минерали. Денес ви предлагаме брокулата да ја подготвите на овој начин:
Реклама




Состојки:
- 1 главица кромид
- малку масло
- 1 морков
- 350 гр компири
- 2 гранки брокули
- 1,5 Л вода
- сол и црн пипер
Подготовка:




На малку масло продинстајте го кромидот. Додадете рендани моркови и компири исечкани на коцки. Потоа додадете ја измиената и исечкана брокула. Посолете, додадете бибер и истурете вода во садот.




Оставете да се готви околу 20 минути. Потоа сето тоа изблендирајте го со блендер. Како додаток пропржете 2 кришки леб на маслиново масло, со тоа што ќе ги исечете на коцки и поросете ги со лук по избор.
Реклама
Уживајте!