Феноменална слатка која брзо се прави.




Состојки:
- 1 кг посни бисквити
- 250 гр посен маргарин за колачи
- 250 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 4 пудинзи од карамела или ванила
- 100 гр чоколадо
- 150 гр ореви или лешници
Подготовка:
Пудингот сварете го во 1 литар вода во која сте додале 150 гр шеќер. Внимавајте да не се згрутчи, мешајќи постојано додека не се излади.




Одделно изматете 1 маргарин со остатокот од шеќерот, кој е најдобро претходно измелен. Можете исто така да додадете 1 ванилин шеќер и сето тоа да го комбинирате со пудингот. Додадете 100 гр мелени ореви.




Направете шербет од вода и шеќер или само (замешајте 100 мл млака вода со 50 гр шеќер или по вкус) , потоа потопете ги бисквитите во шербетот и наредете ги во поголем плех за торта. Секој ред премачкајте го со фил, а последниот покријте го со чоколадна глазура( стопете го чоколадото на пареа со малку маргарин). Посипете со крупно сецкани ореви или лешници и оставете да се стегне.




Пријатно!