Едноставен рецепт за марокански палачинки: Совршено уживање на кое е невозможно да се одолее!

Вреди да се проба:

 Сигурно не сте пробале повкусни палачинки.

Состојки:

  • 250 гр гриз од пченица
  • 40 гр брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка инстант квасец
  • 1 прстофат сол
  • 500 мл топла вода
  • 1 вреќа прашок за пециво

Подготовка:

Ставете гриз, брашно, шеќер, сол и квасец во блендер. Додадете топла вода и измешајте. Потоа, додадете го прашокот за пециво и измешајте уште неколку секунди. Истурете го тестото во пластичен сад и оставете го да „одмори“ 30 минути.

- Advertisement -

Подмачкајте ја тавата со малку масло и загрејте. Потоа истурете кутлач тесто и печете на вообичаен начин. Веднаш штом ќе го истурите тестото, треба да се појават меурчиња.

Печете околу една минута – две, само од едната страна. Палачинки не се печат од другата страна. Кога тестото е целосно „суво“, палачинките се готови.

Не ставајте ги готовите палачинки една врз друга, туку една до друга. Традиционално се служи со мешавина од стопен путер и мед. Може да ги послужите и со џем, крем, растопено чоколадо…!

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!