Едноставен рецепт за ЛЕБ со КЕФИР: Лепчиња или тортиљи без квасец за неколку минути на вашата трпеза!

Вреди да се проба:

Реклама

Ако барате добар рецепт за домашен леб, но можеби цел леб е премногу за вас, лепињи или тортиљи се секогаш добар избор. Практично нема ништо поедноставно од овој рецепт, се што треба да направите е да измешате неколку состојки и да ги испечете во тава!

Кефир, најздравиот пробиотски пијалок во светот, е тајната состојка на овој рецепт.

Реклама

Состојки:

  • 250 грама брашно
  • Чаша кефир
  • Сол
  • Прашок за пециво

Подготовка:

Месете го тестото од брашно, кефир, прашок за пециво и сол. Во зависност од видот на брашното, можеби ќе треба да ја прилагодите количината на течност.

Бидејќи овој рецепт не содржи квасец, оставете го тестото да стои само онолку време колку што е потребно тавчето да се загрее на средна топлина.

Реклама

Поделете го тестото на осум топчиња, расукајте ги лебовите и печете ги на двете страни по неколку минути, додека не поруменат убаво и додека не се „надујат“.

 

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -