ЕВТИН РУЧЕК, СПАНАЌ И ЈАЈЦА НА ОКО: Се е направено во една чинија, без неред и ќе бидете сити со часови!

Вреди да се проба:

Реклама

Наш предлог за ручек денес е спанаќ со јајца на око.

Доколку немате многу состојки дома, секогаш можете да направите нешто практично и лесно, а тоа е спанаќот со јајца на око. Ова е ручек кој ќе го задоволи целото семејство, а нема да потрошите многу пари. Дури и да го послужите со леб што сами сте го замесиле, тогаш е полн погодок. Заситува бидејќи содржи јајца, а спанаќот е полн со витамини и минерали кои го зајакнуваат нашиот организам.

Реклама

Состојки:

  • 2 моркови
  • 1 млад кромид
  • 300 гр спанаќ
  • 3 домати или 300 мл доматно пире
  • 5 јајца
  • зачини

Подготовка:

Исечкајте го морковот, па пропржете, па додајте го сечканиот млад кромид. Кога зеленчукот ќе се испржи додадете го спанаќот и оставете уште 7 минути.

Ставете ги доматите во врела вода околу 3 минути. Потоа префрлете се во ладна вода, па излупете и исечкајте ги на парчиња. Доколку немате домати додадете доматно пире во јадењето.

Реклама

Додадете во спанаќот и оставете да отстои околу 10 минути. Направете дупчиња со лажица и во секое скршете по едно јајце. Посолете и зачинете со слатка пиперка. Покријте и оставете уште 5 минути на тивок оган.

Пријатно!

 

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -