Евтино и брзо предјадење: Проја без јајца!

Вреди да се проба:

Реклама

Без јајца, но со додавање на фета сирење и сусам, оваа проја ќе ги освои срцата на вашето семејство…

Состојки:

  • 2 чаши пченкарно брашно
  • 2 чаши пченично брашно
  • кесичка прашок за пециво
  • чаша масло
  • 150 гр сирење (фета)
  • 2 дл јогурт
  • чаша кисела вода
  • малку сол

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги, да добиете хомогена смеса.

Реклама

Во тава за печење ставете една лажица масло и тавата ставете ја во загреана рерна добро да се загрее. Оваа постапка е важна бидејќи така го добивате тој прекрасен крцкав дел од кората.

Потоа смесата истурете ја во тавчето, по желба посипете со сусам одозгора и ставете да се пече.

Реклама

Се пече на 220 степени.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -