ЕВЕ ШТО МОЖЕТЕ ДА ПОДГОТВИТЕ ЗА ВИКЕНДОТ: Месо што се топи во устата!

Вреди да се проба:

Реклама

Ручек за цело семејство, чорба која едноставно ќе ја обожавате!

Постојат многу начини за правење гулаш. Овој рецепт не содржи брашно, а има одличен вкус. Месото се топи во уста, тоа е вистинска кафанска чорба. Може да се сервира со ориз, компири или тестенини.

Реклама

Состојки:

  • 500 гр говедско месо
  • 2 лажици масло
  • 3 главици кромид
  • 1 морков
  • 600 мл говедска супа
  • сол, бибер, слатка пиперка, лута пиперка по вкус
  • 1 лажичка сенф
  • 1 ловоров лист
  • 2 лажици доматно пире
  • 3 чешниња лук
  • малку сув магдонос

Подготовка:

На претходно загреано масло пропржете го кромидот и една лажица сол, па додадете го морковот и измешајте. Кога се убаво ќе се свари, додадете го месото, сенфот и измешајте да се соедини.

Потоа полека истурете ја супата, не одеднаш. Додадете го ловоровиот лист, поклопете и динстајте. После тоа, додадете го доматното пире, промешајте и оставете да се крчка, па додадете го лукот.

Реклама

Истурете слатка и лута пиперка, бибер по целата чорба, освен слатката пиперка – измешајте ги двете. На крај додадете го магдоносот и оставете да се динста. Гответе сè околу 2 часа.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -