Еве како да ја направите најдобрата пица Наполитана: По рецепт на врвни пица мајстори од Италија!

Вреди да се проба:

Ви подготвивме рецепт за најдобрата пица Наполитана, подготвена по оригинален рецепт од врвни пица мајстори во Италија.

Потребни состојки:

За тесто:

- Advertisement -
  • 300 гр брашно
  • 300 мл вода
  • 5 грама мед
  • 10 гр квасец (ако користите сув 5 гр е доволно)

За размесување на тестото:

  • 700 мл вода
  • 1250 гр брашно (прво половината па после го додавате и останатото)
  • 40 гр сол

За доматен сос :

  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 конзерва со конзервирани домати
  • босилок
  • маслиново масло

За фил :

  • претходно подготвениот сос
  • моцарела
  • босилок
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

Се меша меша квасецот заедно со 5 грама мед и вода и се остава да се активира. Се додава 300 грама брашно и се замесува тесто. Вака подготвеното тесто се остава да кисне од 15 до 48 часа, за да ферментира. Може да го оставите 1 час на собна температура и 16 часа во фрижидер.

За подготовка на сосот, ситно насецкајте го кромидот и лукот и пропржете ги на малку масло. Додадете го доматно пире и гответе на умерен оган. Пред крајот додадете ситно сецкан босилок и варет додека добиете убава хомогена смеса. Откако ќе се олади сосот пасирајте го со рачен блендер.

Откако ќе ферментира тестото, во длабок сад за месење ставете 700 милилитри вода  и додадете го претходно приготвеното тесто, кое веќе ферментирало. Потоа додадете половина од количината брашно за размесување и 40 грама сол. Убаво измешајте па додадете ја постепено и преостанатата количина брашно. Замесете го тестото и оставете го да одмори 15 минути.

Потоа треба да се размеси тестото и од него да формирате убава топка тесто која ќе ја оставете да отстои уште 30 минути. За убаво и фино тесто пред размесување намастете ги рацете со масло, исто така кога ќе го оформите тестото премачкајте го со одозгора масло.

Откако ќе отстои тестото, поделете го на 10 оформени топчиња кои ги оставате да одморат уште 2 часа. Исто така секое топче премачкајте го со масло.

Секое топче се потопува во брашно и се размесува на набрашнета површина. Се оформува кора во кружна форма, со формирање подебел венец кон краевите и потенка кора во средина.

Вклучете ја фурната на 260 степени.

Во средина кората се премачкува со претходно подготвениот сос и се става во загреана фурна да се потпече малку, околу 2 минути. Кога ќе се крене венецот по краевите и ќе фати малку коричка, се вади пицата од фурна и се додаваат останатите состојки од филот.

Моцарелата се сечe или тенки кругчиња и рамномерно се распоредува во средина врз секоја кора. Се редат листиња свеж босилок и се посипува малку маслиново масло во средина. Целиот венец со четка се премачкува со маслиново масло.

Вака подготвената пица повторно се враќа во фурна да се допече.

Се пече во претходно загреана рерна на температура од 260 степени, околу 10 минути.

Откако ќе се испече пицата се сече на парчиња и се декорира со листиња босилок.

Пријатен апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!