Доколку сте љубител на Цезар салатите, а сеуште немате пробано да го направите овој специјалитет, еве еден едноставен рецепт како да ја подготвите во домашни услови!




Состојки:
- 6 чешниња лук
- 1 лажица сок од лимон
- 3/4 шолја мајонез
- 3 мали филети пилешки стек
- 6 лажици рендан пармезан
- 1/4 шолја маслиново масло
- 1 лажичка балсамико
- 4 шолји кубети
- 1 лажичка сенф
- 1 главица марула
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Изгмечете 3 чешниња лук и помешајте ги со мајонез, 2 лажици пармезан, балсамико, сенф и лимонов сок. По вкус додадете сол и бибер. Ставете го преливот во фрижидер.
Пилешкото месо насечете го на тенки парчиња, посолете и ставете го во тава на оган да се пржи.
Во тава загрејте го маслото на оган. Исецкајте ги преостанатите чешниња лук на четвртини и ставете ги во загреаното масло. Повремено мешајте додека не поруменат, па извадете ги од тавата.




Во маслото додадете ги коцкичките леб, па пропржете ги во мешавината со постојано мешање, се додека не поруменат. Извадете ги кубетите од масло и посолете ги, забиберете и помешајте ги со лукот.
Добро измијте ја марулата, отстранете ги првите неколку слоеви листови и исечкајте ги листовите на ленти со дебелина од околу 1-2 см. Ставете ја во подлабок сад. Марулата насечете ја на ситно и измешајте ја заедно со преливот што го подготвивте на почеток.




Ако наместо леб користите кубети истите истурете ги во садот со марулата и стекот;
Потоа одозгора наредете го пилешкото месо, додадете ги подготвените кубети и одозгора додадете рендан пармезан.




Пријатен апетит!