Еве како да направите идеални ПИЦА БОМБИЦИ – Сите ќе ги обожаваат!

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе вкусни и брзи пица-бомбици, идеални за неочекувани гости.

Потребни состојки:

  • 3 лажици путер (за подмачкување на тавата)
  • 450 гр. лиснато тесто
  • доматно пире за пица (сос маринара)
  • кулен (сечен на тенки кругчиња)
  • 225 гр. моцарела, сечена на мали коцки
  • путер (стопен)
  • 2 чешниња лук (мелен)
  • сол, по вкус
  • бибер, по вкус
  • 1 лажица оригано зачин
  • рендан пармезан (за полнење)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190°C. Поставете плех со хартија за печење и намастете го со путер.

Реклама

Исечете го тестото на половина, па секоја половина на мали топчиња. Со палецот, вртејќи во круг, притиснете го секое топче лиснато тесто и оформете мал груг од тесто.

Врз оформеното тесто ставете по една мала лажичка доматно пире за пица, 1 парче кулен и 1 коцка моцарела во центарот на секој круг од тестото.

Реклама

Превиткајте ги рабовите нагоре и притиснете ги со раце за да се затвори и залепи тестото. Внимавајте да не оставите празнини па да истече полнењето. Поставете ги пица бомбиците на подготвениот плех за печење.

Направете смеса за премачкување со мешање на стопениот путер, лук, сол, бибер и оригано зачин, во мала чинија. Со оваа смеса премачкајте ја секоја пица-бомбица и одозгора посипете ги со рендан пармезан.

Печете 15-20 минути, во претходно загреана рерна на 190°C се додека бомбиците не поруменат убаво.

- Advertisement -

Откако ќе бидат се испечат оставете малку да се оладат.

Сервирајте ги полутопли во комбинација со пица сос од доматно пире.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -