Реклама
Доколку имате некакви здравствени проблеми, овој леб ви го препорачуваме за поздрав оброк.
Состојки:
- 250 гр црно брашно
- 250 гр брашно од хељда
- 1 прстофат сол
- 10 гр сув квасец
- 30 мл маслиново масло
- околу 300 мл вода
Подготовка:




Измешајте ги црното брашно и брашното од хељда, солта, сувиот квасец, потоа додадете масло и полека додајте вода по потреба.
Реклама




Се меша со мешалка за храна да се соединат состојките, се остава тестото да стаса. Истурете малку брашно на површината за месење, па тестото размесете го во брашното, протресете и ставете го во тава за леб подмачкана со масло.




Лебот се пече, така што се става во ладна рерна, се покрива 30 минути на 250 степени и уште 15 минути на 220 степени непокриено.
Реклама




Пријатно!