Еве предлог за еден лесен доручек, кој не бара многу време а и брзо се јаде.
Состојки:
- 250 гр кора за пита
- 350гр сирење или фета сирење
- 2 јајца
- масло за пржење
Подготовка:
Измешајте сирење и јајца со вилушка. Исечете една кора на половина, на ленти, а потоа преклопете ја на половина (потесен дел).
- Advertisement -
На крајот од свитканата кора ставете околу една лажица од филот, па завиткајте ја во триаголник, како кога ролате баклава. Повторете ја постапката со преостанатиот материјал.
Испржете ги триаголниците во масло од двете страни, неколку минути, додека убаво зарумени. Послужете со гарнир по желба.
Добар апетит!