Реклама
Домашниот сос има многу намени, а е повкусен од купениот. Сега наместо класичниот песто сос, направете песто од брокула.




Италијанците ни нудат голем избор на сосови кои можеме да ги користиме во разни пригоди. Еден од најпознатите е песто сосот, но слични состојки можете да направите и од тиквички, брокула…
Реклама




Можете да ги прелиете тестенините со фантастичен вкус, можете да ги послужите со пржено пилешко, но и како одличен прелив за салата… Исто така, ако сакате брускети тогаш обидете се да ги намачкате со песто од брокула.
Состојки:
- 300 гр брокула
- 20 гр босилек
- 1 чешне лук
- 40 гр ореви
- 2 супени лажици сок од лимон
- 80 мл маслиново масло
- 20 гр пармезан
Подготовка:




Брокулата кратко избланширајте ја, па потопете ја во ладна вода. Сите состојки истурете ги во блендер и направете кашеста смеса.
Реклама




И готово. Ете толку е лесно и многу вкусно.




Пријатно!