Вкусно, ефтино, крцкаво.




Состојки:
Тесто:
- 600 гр брашно
- 1 јајце
- 3 жолчки од јајце
- 2 дцл млака вода
- сок од 1 лимон
- 3 лажици масло
За премачкување на тестото:
- 500 гр путер или маст
За полнење:
- 100 гр џем од кајсија
За попрскување:
- 100 гр шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер




Подготовка:
Ставете ги сите состојки во еден сад и замесете средно тврдо тесто. Тестото развлечете го со сукалка, дебелина околу половина сантиметар. Премачкајте го со путер (или ако сакате традиционално да со маст) и посипете со брашно.




Оставете да одмори половина час. По половина час исечете ја кората на четвртини и ставете ја секоја една врз друга. Повторно развлечете ја кората и повторете ја постапката 4 пати.




На крај, развијте ја кората и оставете го тестото да одмори 1 час. Откако тестото ќе се одмори, исечете ленти широки 3 см и долги 8 см. Ставете џем на секоја и преклопете. Печете ги на 180 степени додека не поруменат околу 20 минути. На крај, превртете ги во шеќер во прав на кои е додаден еден ванилин шеќер.




Доколку сакате ова тесто можете да го употребите и за солен рецепт, односно наместо џем да ставите сирење или некоја друга состојка.
Добар апетит!