ДОМАШНОТО СЕКОГАШ Е ПОДОБРО ОД КУПЕНОТО: Направете ролни со сирење од готови кори!

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку сакате да го збогатите вкусот на овие ролни, слободно додадете бланширана блитва или спанаќ.

Состојки:

  • 1 пакување кора за пита
  • 400 гр сирење
  • 100 мл млеко
  • 40 мл масло
  • ½ вреќичка прашок за пециво
  • сусам
  • 3 јајца

Подготовка:

Изматете 1 јајце, па додадете масло и прашок за пециво. Измешајте го сирењето со 2 изматени јајца и додадете сол ако е потребно.

Реклама

Кората премачкајте ја со мешавина од јајце и масло, повторно ставете ја втората, потоа третата кора и одозгора нанесете го филот, па засукајте ја. Направете го ова додека не го потрошите целиот материјал.

Се редат во подмачкана тава. Премачкајте ги одозгора со изматено јајце на кое сте додале малку млеко и малку масло. Посипете со семе од сусам. Печете на 200 ° C околу 20 минути. Послужете со јогурт, сиренце, домат и сл.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -