За совршен почеток на денот.
Состојки:
- 500 гр брашно
- 150 гр маргарин
- 400 гр еурокрем
- 1 квасец
- 3 јајца
- 200 мл јогурт
- 50 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици масло
- 1 лажиче сол
- 100 гр шеќер во прав
Подготовка:
Скршете го квасецот со рака и ставете го во подлабок сад. Додадете млако млеко и една лажица брашно и шеќер. Промешајте и оставете 10 минути да нарасне квасецот. Во садот додадете ги преостанатите 2 лажици шеќер и брашно. Додадете сол и 2 јајца и 2 лажици масло.
Постепено додавајте јогурт и рачно измесете го тестото. Месете на работната површина додека тестото не стане мазно. Вратете го тестото во садот и оставете 30 минути да стаса. Потоа месете го тестото на работната површина. Поделете го на 8 еднакви делови и обликувајте топчиња.
На подмачкана работна површина, со сукало развлечете ја кората од првото топче тесто и премачкајте ја со маргарин. И од второто парче тесто развлечете ја кората, ставете ја на првата кора и премачкајте со маргарин. Постапката повторете ја со останатите кори, освен со последната. Од осум кори, распоредени една врз друга, расукајте голема кора со сукало.
Исечете го на 12 триаголници и нанесете еурокрем на секој од нив. Завиткајте во кроасани, ставете ги во плех подмачкан со маргарин и оставете 60 минути да стасаат. Скршете го преостанатото јајце на половина и одделете ги белките од жолчките. Изматете ја жолчката со 1 лажица масло и нанесете ја на кифлите во плехот. Ставете го плехот во рерна, печете 30 минути на 200 степени и извадете од рерна. Наредете ги кроасаните на плех за сервирање и посипете ги со шеќер во прав.
Добар апетит!