Реклама
Еве еден интересен начин да направите потпечени јуфки, различни од класичните.




Состојки:
- 500 гр. јуфки
- 5 јајца
- 500 мл. млеко
- 1 литар вода
- сол, масло
- сирење и колбаси (количина по желба)
Подготовка:
Јуфките се редат во плех, се попрскуваат со масло и се стават во печката да се запечат малку на температура од 200 степени Целзиусови.
Реклама
Во меѓувреме во тенџере се мешаат млекото и водата, се посолува и се остава смесата да зоврие.




Откако ќе зоврие течноста, се посипуваат јуфките со врелата течност и се враќаат во печката да се печат уште минути.
Реклама
Се ситни сирењето со виљушка и се меша со ситно насечените колбаси. Се посипуваат врз јуфките и повторно се враќаат во печка уште 15 минути.




На крајот се матат јајцата, се посипуваат преку јуфките и се допекуваат уште 10тина минути.
Пријатен апетит!