Меките перечиња се одличен појадок, ужина или гарнир. Ви донесовме рецепт што е толку едноставен што може секој да го направи.
Состојки:
- 550 гр просеано брашно
- 2,5 лажички сув квасец
- 2 лажички шеќер
- 1,5 лажички сол
- 240 мл вода
- 120 мл млеко
- 2 лажици пченка или сончогледово масло
Премачкување:
- 1 јајце
- крупна
- сусам
Подготовка:
Измешајте половина од брашното со шеќер, квасец и сол. Изматете ги заедно водата, млекото и маслото, а потоа истурете го брашното. Месете со миксер, со додаток за тесто, постепено додавајќи го преостанатото брашно, додека не добиете фино тесто што не лепи. Месете 4 до 6 минути.
Можеби не мора да го користите целото брашно што го ставате додека месите, сами ќе забележите од тестото. Пренесете го замесеното тесто на работната маса лесно попрскана со брашно, покријте го со салфетка и оставете го да отстои 10 минути.
Потоа поделете го тестото на 10 еднакви делови. Истенчете го секој дел во „црв“ или ролна долг околу 50 см. Покријте ги формираните ролнички со салфетка и оставете ги да стојат уште 10 минути.
Загрејте ја рерната на 180С. Поставете два плеха со хартија за печење.
Така отстоените ролнички обликувајте ги во перек и наредете ги на плех за печење. Секоја перек премачкајте го со изматено јајце и посипете го со крупна сол и семе од сусам по желба. Печете во загреана рерна 15-20 минути, прво едниот плех, а потоа и другиот, додека убаво зарумени.
Пријатно!