ДОМАШНИ КРОАСАНИ: Толку воздушести што се топат во устата!

Вреди да се проба:

Реклама

Одличен рецепт кој ќе ви помогне да ги направите најубавите и најмеките кроасани.

Меки, нежни, воздушести кроасани, се топат во уста… Кроасаните направени дома може да бидат и многу меки и вкусни, а можете да ги наполните по ваш вкус, на пример со чоколадо или џем.

Реклама

Состојки:

  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 300 мл млако млеко
  • 50 гр стопен путер
  • 670 гр брашно
  • 10 гр сув квасец
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

Во сад искршете две цели јајца, додадете шеќер, топлото млеко, растопениот путер и се убаво измешајте, па додадете го брашното, квасецот и солта. Сите состојки убаво измесете ги додека не добиете хомогена смеса и оставете да отстои 90 минути.

После тоа повторно измешајте го тестото и поделете го на два дела. Рамномерно расукајте го со сукало, премачкајте со растопен путер и исечете ги на еднакви триаголници. Секоја од нив лесно исечкајте ја со нож по должина само по работ и потоа завиткајте во кифлички. Доколку сакате можете да ги наполните со фил по желба.

Реклама

Повторете ја истата постапка со другата половина од тестото. Наредете во плех во кој претходно сте ставиле хартија за печење и оставете да отстои 25 минути. Пред печење премачкајте ги со смеса од една жолчка и малку млеко. Ставете ја во загреана рерна на 220 степени и печете 20 минути. Кога е готово додека е уште топло премачкајте ги со стопен путер.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -