Добра навика е да имаме при рака брз извор на енергија за моментите кога сме одеднаш „гладни“, особено во зима за време на прошетки по планините.
Овие крекери со јатки и семки се одлично решение за брз залак за јадење, а најдобриот дел е тоа што се подготвени дома.
- Advertisement -
Состојки:
- 100 гр мелени бадеми
- 80 гр чиа
- 70 гр семки од тиква
- 70 гр семки од сончоглед
- 70 гр златно ленено семе
- 30 гр семе од сусам
- 30 гр семе од црн ким (нигела)
- 2 лажици високо олеинско сончогледово масло
- 3 лажици мед
- 1 лажиче Хималајска сол
- 360 ml топла вода
Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги во соодветен сад и оставете ја смесата 10 минути.
Раширете ја смесата рамномерно на плех за печење покриен со хартија за печење.
Печете 30 минути на 180 ° C, а потоа 30 минути на 150 ° C.
По печењето исечете ја смесата на форми кои ви одговараат на вас.
Пријатно!