ДОМАШНИ КОРИ КАКО ОД ПРОДАВНИЦА: Станете мајстор за пити и гибаница со овие одлични и лесни трикови за домашни кори!

Вреди да се проба:

Реклама

Пита со вистински домашни кори е секогаш повкусна од купената или со готови кори.

Пити со готови кори се подготвуваат лесно и брзо и не бараат многу труд. Во суштина се се прави за помалку од еден час. Но, доколку сакате вистинска домашна пита, тогаш направете ја со домашни кори. Потребни ви се вештини за да испадне кората како што тоа го правеа нашите баби, но ако ги следите нашите совети чекор по чекор, сигурно ќе успеете од прв обид.

Реклама

Готовото тесто не мора да го користите веднаш, можете да го ставите во кеса, а потоа во фрижидер. Вака може да стои 2 дена, само пред употреба оставете го тестото на собна температура бидејќи ако го приготвите ладно ќе испука.

Состојки:

  • околу 1 кг брашно
  • 1 лажица сол
  • 150 мл масло
  • 550 мл топла вода

Подготовка:

Во брашното додадете сол, масло и топла вода. Се може да измешате со миксер, но подобро е тестото да го замесите со рака. Треба лесно да се одвојува од прстите за полесно да се развлече кората.

Реклама

Садот малку подмачкајте го и оставете го тестото да отстои барем половина час покриено. Поделете на 4 еднакви делови и наредете во плех кој претходно сте го подмачкале со масло. Може да го поделите и на 2 дела, доколку имате искуство, но доколку сте почетник, полесно ќе растегнете помали топчиња. Секое топче подмачкајте го со масло, па покријте го со фолија и направете го филот. Може да направите фил со сирење, мелено месо, зелка, спанаќ, по ваша желба…

На масата ставете чиста покривка за маса, посипете ја со брашно, па ставете ја првата топка. Прво истегнете малку со прстите, а потоа со сукало направете потенок круг. Потоа посипете ги рацете со малку брашно, па ставете ги под тестото и развлечете го до работ на масата.

Можете да го подигнете тестото. На почетокот, постапката потсетува на правење голема кора за пица, но благодарение на маслото тестото е многу еластично и кога ќе се влече станува се потенко и потенко. Кога кората за пита ќе стане толку тенка што низ неа се гледа покривката за маса, тогаш е готово.

- Advertisement -

Посипете врз кората со саканиот фил и кората завиткајте ја со благо кревање и протресување на чаршавот. Истегната кора за пита се става во плехот и се продолжува со растегнување на следната кора. Се пече во загреана рерна на 250 степени додека не порумени.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -