Толку се вкусни што ќе посакате да ги правите секој ден.




Состојки:
- 375 гр брашно
- 20 гр квасец
- 1 јајце
- 1 лажичка шеќер
- 50 мл масло ( за премачкување на тестото и рботната површина)
- 200 мл млеко
- сол по потреба




За премачкување:
- јајце
- сол
- млеко
- сусам




Подготовка:
Со длабок сад ставете го раздробениот квасец, една лажичка шеќер, лажичка брашно и малку топла вода. Оставете да се активира квасецот и да нарасне околу 10 минути.
Во активираниот квасец додадете пресеано брашно, млеко, масло , сол, јајце и замесете го тестото. Бидејќи содржи повеќе течни состојки замесете го со помош на миксер со продолжеток за тесто. Обликувајте го тестото во топка, премачкајте го со малку масло, покријте го со пешкир и оставете го да отстои 1 час во затоплена просторија.




Нараснатото тесто размесете го на намаслена работна површина и поделете го на 4 дела. Од секој дел обликувајте топчиња, премачкајте ги со масло и покријте ги. Оставете ги на топло 10-15 минути.
Земете едно топче и поделете го на 3 или 4 дела (можете да плетете плетенки со 3 или четири нишки). Развлечете го секој дел во должина од 15-20 см. Исплетете плетенка. Истата постапка повторете ја со останатите топчиња тесто. Ќе добиете 4 плетенки.




За тоа време вклучете ја рерната на 190 степени. За премачкување изматете јајце, сол и млеко и премачкајте ги плетенките одосгора.
Печете околу 20 минути, додека не поруменат плетенките.




Пријатен апетит!