Домашна супа од петел – Подготвена на вкусен старински начин по оригинален рецепт

Вреди да се проба:

Реклама

Домашните супи и чорби претежно се прават од домашно пилешко месо. Во овој рецепт ќе ви прикажеме како да подготвите супа од петел, чекор по чекор. Супата од петел си има свои предности, пред се е богата на вкус и не е толку мрсна.

Состојки:

  • 600 гр. петел
  • 4 компири
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 домат
  • сол по вкус
  • црн бибер по вкус
  • ловоров лист по желба

Начин на подготовка:

За да направите домашна супа од петел, најдобро е да земете месо од младо домашно чувано петле. Супата ќе биде богата и со малку маснотии, а сепак многу вкусна. Дополнително со зеленчукот може да додадете и свежи зачини во супата како магдонос и копар.

Реклама

Не заборавајте дека супата треба да се вари под капак, на тој начин ќе биде поинтензивна на вкус и мирис.

Еве како да направите домашна супа од петел – чекор по чекор

Реклама

За да ја подготвите супата, ќе ви требаат околу 600 грама месо од домашен петел.

Најпрво измијте го трупот со вода и исечете го на мали парчиња. Потоа ставете ги во шерпа и дополнете со 2,5 литри вода.

Гответе на средна топлина, со повремено отстранување на пената. Оставете да зоврие.

- Advertisement -

Во сува тава, пропржете половина од кромидот и половина морков. Додадете го пржениот зеленчук во шерпата со месо и оставете да врие смесата 2 часа.

Извадете го петелот и прецедете ја супата низ сито. Потоа повторно оставете ја супата да зоврие. Додадете ги компирите (ситно исецкани) заедно со ловоровиот лист. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Преостанатиот кромид и морков исечете го на мали парчиња. Насечете ги и доматите. Запржете ги заедно кромидот, морковот и домтите, се додека не омекне кромидот. Додадете го зеленчукот во шерпата со прецедена супа и варете уште 10 минути.

На крај го додаваме и месото од петел. Супата треба да се остави да крчка по капакот околу 20 минути.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -