Ако сакате топло лепче а немате време, направете ја оваа фантастична погача со состојки кои ги имате дома…




Служете ја со кајмак или ајавар.
- Advertisement -
Состојки:
- 500 гр. брашно Т400
- 100 мл. јогурт
- 250 мл газирана вода
- сол по вкус




Подготовка:
Измешајте го брашното со солта, додадете јогуррт и кисела вода. Замесете го тестото, а потоа месете го на површина посипана со брашно.




Обликувајте ја погачата и со премачкајте ја со малку вода.
Претходно загрејте ја рерната на 250°C. Ставете ја погачата во рерна и намалете ја температурата за печење на 220°C околу 30 минути.




Откако ќе се испече, замотајте ја во крпа топлата погача. Оставете ја да одмори, да се олади. Не сечете ја погачата туку кршете ја на парчиња.



