Пица чии рабови се полни со сирење е најубавото нешто што сте го пробале.




Пиците се речиси на сите омилено јадење, а можете лесно да ги направите дома. Подолу е рецепт за пица чии рабови се полнат со сирење моцарела, а исто така е богато посипана со неа. Можете да измешате неколку видови сирење, но и да додадете шунка, маслинки или нешто друго по ваш вкус. Станете вистински пица мајстор и воодушевете ги сите.




Состојки:
- 210 мл вода
- 1 лажичка сув квасец
- 300 гр брашно
- 1/2 лажичка сол
- сирење моцарела
- 3 лажици сос од домати
Подготовка:




Растворете го квасецот во водата, па додадете го шеќерот. Измешајте и истурете брашно и сол. Замесете тесто. Покријте и оставете на топло место да нарасне околу еден час.




Тестото се замесува на набрашнета површина и се дели на два дела, па се обликуваат топчиња. Покријте и оставете уште 15 минути. Расукајте го тестото со пречник од 30 см, ставете го на хартија за печење, па по работ односно на краевите, следејќи го целиот круг, ставете големи парчиња сирење моцарела и покријте го со тестото.




Избоцкајте со вилушка, а потоа намачкајте го сосот од домати. Обилно посипете со рендано сирење моцарела. Печете на 220°C околу 12 минути.
Пријатно!