Домашна пита со тиквички и сирење: Ова е комбинација што не се одбива!

Вреди да се проба:

Реклама

Мека и вкусна пита со млади тиквички и сирење за секоја пригода.

Состојки:

За кора:

Реклама
  • 20 гр свеж квасец
  • 250 мл млака вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку сол
  • 550-600 гр брашно

За фил:

  • 1 јајце
  • 120 гр сирење
  • 3 рендани тиквички
  • 100 гр стопен путер
  • 150 павлака за готвење

Подготовка:

Пред да почнете да правите се излупете, изрендајте ги тиквичките и оставете ги да се исцедат од течноста.  Изматете ги состојките за тестото, освен брашното и солта. На крај додадете ги овие 2 состојки и замесете меко тесто. Намастете го одозгора и оставете го покриено 20 минути да одмори.

Реклама

Поделете го тестото на 4 дела и обликувајте топчиња, покријте го со фолија и оставете го уште 10 минути така. Изренданите тиквички измешајте ги со јајцата и сирењето. Првата топка развлечете ја тенка, па премачкајте ја со стопен путер и ставете го филот врз неа. Засукајте и направете полжав.

Ставете во плех обложен со хартија за печење. Направете го истото со остатокот од тестото, па завиткајте околу полжавот. Премачкајте ја питата со преостанатиот путер и оставете ја да отстои некое време. На крај пред печење посипете со павлака за готвење. Печете на 180 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -