Уживајте во овој рецепт за домашна пита со спанаќ со најблиските.




Состојки:
Тесто:
- околу 500 гр брашно
- 125гр стопен маргарин или путер
- 150 гр кисела павлака
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 10 гр сув квасец
- 1 јајце и 1 жолчка
Фил:
- 250 гр исчистен спанаќ
- 120 гр праз
- 200 гр урда
- 150 гр рендано сирење
- малку масло
- сол по вкус




За премачкување:
- 1 белка
- сусам и лен
Подготовка:
Во просеаното брашно додадете квасец, шеќер и сол. Промешајте се и направете дупка на средина. Додадете ги павлаката, јајцата и жолчките. Потоа стопете маргарин или путер на тивок оган, додадете во брашното а потоа измесете го тестото. Најдобро со миксер со додатоците за тесто, така што ќе биде мазно.




Замесеното тесто оставете го покриено со салфетка, оставете го да стои на собна температура и да нарасне, околу 45 минути до еден час.
Во меѓувреме, подгответе го полнењето. Празот ситно исецкајте го и пржете го на малку масло за да омекне. Додадете сецкан спанаќ, сол и пржете додека спанаќот не омекне. Тргнете на страна и оставете малку да се излади. Потоа во смесата додадете урда и кравјо рендано сирење, а потоа измешајте се и комбинирајте.




Пренесете го тестото на работната маса попрскана со брашно и лесно измешајте го.
Одделете еден помал дел и извадете го од страна. Развлечете го поголемиот дел од тестото во круг, малку поголем од големината на плехот за печење, 26 см.
Подмачкајте ја тавата со масло и посипете со брашно. Внимателно префрлете го поголемиот дел од тестото во плех за печење, формирајќи страница од вишокот тесто. Со подготвениот фил истурете втз тестото и убаво распоредете го.




Сега со малиот дел од тестото кој го издвоивте, расукајте го и исечете неколку ленти кои ќе ги ставите преку филот во плехот. Одозгора премачкајте со изматени белки и посипете сусам и лен.
Печете во загреана рерна на 180С околу 40 минути, додека убаво зарумени. Оладената пита послужете ја со гарнир по желба, со јогурт, сирење итн.




Пријатно!