Домашна ПИЛЕШКА ПАШТЕТА: Направете здрава пилешка паштета за вашите најмили за 20 минути! 

Вреди да се проба:

Оваа паштета се подготвува брзо, ако не го сметате времето за да зготвите пилешкото. Можете да намачкате паштета на леб, да наполните корпи за тесто..

Состојки:

  • 300 гр варено пилешко
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка кечап
  • 2 лажици павлака
  • 1 чешне лук
  • 50 гр мајонез
  • бибер, сол
  • сок од лимон
  • оригано
  • 2 лажички семе од сусам
  • 2 триаголници сирење

Подготовка:

Оладеното, зготвено, пилешко месо искинете го на мали парчиња со рацете.

- Advertisement -

Додадете сенф, кечап, ситно сецкан лук, сирење, бибер, сок од лимон, семе од сусам (може да биде и оригано) и користите блендер за да ја измешате смесата.

Додадете павлака, па повторно изгмечете.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!