Домашен хамбургер со оригинален сос

Вреди да се проба:

Реклама

Фановите на скари, хамбургери ќе го обожаваат овој рецепт. Лесно и едноставно за подготовка а ќе изгледа како приготвено во ресторан. 

Состојки:

за 4 плескавици:

Реклама
  • 400 гр плескавици
  • 4 лепчиња
  • Виолетов кромид
  • Домат
  • Зелена салата

За сосот:

  • 20 мл мајонез
  • 1 лажица благ кечап
  • 1 лажица балсамико
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица сецкани кисели краставички
  • 1/2 лажиче лук во прав
  • 1/2 кафена лажичка пушена пиперка
  • бибер

Подготовка:

Во сад измешајте ги сите состојки за сосот. Подгответе го порано и чувајте го во фрижидер најмалку еден час.

Реклама

Исечете го пурпурниот кромид и доматот на прстени, исечете ги листовите од зелена салата.

Печете ги плескавиците на грил тава (или скара, ако имате шанса). Печете ги околу четири минути од секоја страна, а по желба може да ги печете повеќе или помалку.

Исечете ги печивата на половина и запечете ги исечените страни кратко на тава или на скара.

- Advertisement -

Дното на пецивото премачкајте го со сосот, а потоа додадете плескавица, прстен од виолетов кромид, домат и зелена салата. Исто така премачкајте го горниот дел од пецивото со сосот и одозгора боцнете со подолга чепкалка за заби или за ражнич.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -