Направете универзален зачин кој ќе го употребите во секое јадење.




Состојки:
- 300 гр моркови
- 300 гр црвен пипер
- 300 гр кромид
- 300 гр пашканат
- 300 гр целер
- 200 гр сол
- 1 китка магдонос
- 1 китка листови целер
- неколку чешниња лук
Подготовка:




Измијте го и ситно исечкајте го целиот зеленчук во сецко или блендер и измешајте со сол. Добиениот зачин истурете го во чисти, измиени и суви тегли кои треба да се затворат со чист капак.




Вака приготвениот зачин може да трае многу долго на адекватна температура, до една година. Солта го спречува расипувањето на зеленчукот.




- Advertisement -
Се користи како додаток на разни јадења, овој зачин навистина ќе ви се допадне бидејќи е подобар и повкусен од оној купен во продавница.