Реклама
Само следете го рецептот а потоа уживајте во трудот. Самите ќе се уверите дека се исплати.




Состојки:
- 1 кг брашно
- 25 гр квасец
- 20 гр шеќер
- 750 мл млака вода
- 3 лажички сол
Подготовка:




Промешајте го квасецот и оставете го да нарасне. Се замесува тесто со брашно, квасец, сол, шеќер и вода. Тестото мора да биде меко, за разлика од тестото за леб. Направете тестото да биде мазно.
Реклама




Формирајте топче и оставете го да отстои 1 час, а потоа обликувајте помали топчиња од 250гр. Се редат на лист да не се залепат и се оставаат 30 минути да нараснат.




Откако ќе нараснат само се притискаат со раце и се обликуваат лепчињата па се ставаат на плех за печење и се печат во рерна 10 минути на 350 степени C. Најубави се топли, можете да ги послужите со тазе сиренце и домашно клчено од компири и лути пиперки.
Реклама
Пријатно!