Ова е многу здрав сок и многу лесен за подготовка. Вреди да се проба!




Потребни состојки:
- јаболка (излупени и исчистени) 3 кг
- морков 1 кг
- шеќер 1 кг
- вода 10л
- лимонтус 4 кесички




Начин на подготовка:
Исечете го исчистениот морков и ставете го во шерпа. Истурете доволно вода, да може убаво да се свари морковот. Покријте и варете сè додека не омекне морковот.
Излупете ги јаболките и ставете ги во поголема шерпа и додадете исто количество вода. Кога морковот е полусварен, истурете ја шерпата со јаболка и вода, бидејќи им треба помалку време за готвење. Гответе ги заедно а потоа оставете да се изладат.




Откако ќе се сварат исцедете ги јаболката и морковот од вода и ставете ги во блендер. Блендирајте ги во блендер (или машинка за мелење). Потоа истурете ја зовриената вода од морковот и јаболката во поголем сад или шерпа и додадете ги блендираните јаболка и моркови. Додадете 10 литри вода, 1 кг шеќер и лимонтус и вратете ја шерпата на оган додека да зоврие сокот.




Кога ќе почне да врие, отстранете ја пената и варете уште 15 минути. Потоа тргнете од оган и истурете во загреани стаклени шишиња и веднаш затворете ги затка или со фолија и добро врзете со .
Наредете ги пополнетите шишиња во кутија и покријте ги со ќебе. Кога целосно се се оладат, префрлете ги на поладно место.




Може да измешате разни овошја како јаболка, круши, дуња и моркови.
Овој одличен сол може да го приготвувате дури и за мало бебе, само без шеќер и лимонтус.