Домашен сок од лимон. Освежителен пијалок за летните жештини.




Состојки:
- 2-3 лимони или портокали
- 1 кесичка лимонтус
- 1л вода
- 1/2 кг шеќер
- 4л вода




Подготовка:
Лимонот (по можност органски) или портокал, добро измијте го во раствор од топла вода и сода бикарбона. Исушете го и исечете го на прстени со дебелина од 1 см и извадете ги семките. Ставете го исечениот лимон во ќеса и замрзнете го.




Потоа изрендајте го замрзнатиот лимон во блендер или сличен кујнски апарат. Додадете 1 лимунтус и 1 л вода и оставете околу 5 часа. Исцедете ја смесата, најпрво преку цедалка, а потоа најдобро е добро да ја исцедите преку газа.




Додадете 1/2 кг шеќер во филтрираната течност и мешајте повремено додека шеќерот целосно не се стопи. Конечно додадете 4л вода (може да биде кисела), промешајте и послужете добро разладена или со коцки мраз. Сокот направен на овој начин може да се чува во фрижидер една недела.




Уживајте!