Додадете домашен сируп за зајакнување на имунитетот на млак, а не топол чај за да ги искористите сите благодети на медот кој е чувствителен на високи температури.




Куркумата, ѓумбирот и медот се едни од најмоќните природни лекови кои го зајакнуваат имунитетот и ги бркаат болестите, а освен со лековитите својства, привлечни се и поради нивниот вкус.




Свежата куркума не е како сува достапна на секој чекор, но може да се купи во продавниците за здрава храна. Се препорачува во комбинација со бибер, што го поттикнува неговото дејство.




За да направите домашна „волшебна напивка“ за здравје, ќе ви требаат и портокали и лимони, како и органски јаболков оцет. Додадете го сирупот во вода или чај за добро утро и чувајте го во фрижидер.
Состојки:
- 2 шолји квалитетен мед
- 5 см корен од ѓумбир
- 5 см корен од куркума
- 1 лажица куркума во прав
- 1 органски лимон
- 1 органски портокал
- 1/3 чаша органски јаболков оцет
- 1 прстофат бибер
Подготовка:
Лимонот и портокалот добро измијте ги, исцедете ги, а куркумата и ѓумбирот излупете ги и изрендајте ги. Во сад истурете јаболков оцет и измешајте го со сок од лимон и портокал. Изрендајте ја кората од лимонот и портокалот, па додадете ја во смесата заедно со останатите состојки и убаво измешајте.




Оставете во фрижидер преку ноќ, а следниот ден процедете со цедалка, мешајќи да се одвојат сите големи парчиња.




Сирупот можете да го додадете во чајот или да го измешате со вода. Ако го додадете во чајот, погрижете се да не е жешко за да ги искористите придобивките од медот.