Домашен рецепт за Гвакамоле – совршен намаз за било која пригода…

Вреди да се проба:

Реклама

Овој супер намаз е одличен за било какви сендвичи, како прилог на месо, или пак едноставно за микс сос за тортиња чипс.

Потребни состојки:

  • 2 излупени авокада
  • 1 ситно исецкан црвен кромид
  • 1 шоља исецкани домати
  • 2 лажици сок од лимон/лимета
  • 1 лута пиперка ситно сецкана (чили)
  • неколку лажици ситно сецкан коријандер
  • сол
  • црн бибер

Авокадото исецкајте го и испасирајте го со виљушка го во форма на пире. Додадете го свежо цедениот сок од лимон и повторно испасирајте.

Реклама

Потоа додадете ги сите останати состојки во садот и убаво измешајте за убаво да се соедини вкусот.

Се препорачува да се посоли само со сол и бибер но доколку сте љубители на зачините додадете по свој вкус.

Реклама

За најдобро зачувување на вкусот и квалитетот, затворете го во тегличка и чувајте го во фрижидер.

Сервирајте го со топло потпечено лепче.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -