Направете вкусен пица бурек и израдувајте ги најмилите.
(Рецептот го испрати Симона Илиевска)
*Дадените состојки се за 8 особи односно ќе добиете 2 плеха пица бурек.




Потребни состојки:
- 500 гр готови кори
- 250 гр шунка (ситно сецкана)
- 200 гр кашкавал (рендан)
- кечап
- оригано
За прелив:
- 200 мл. газирана вода
- 150 мл зејтин
- 2 лажици брашно
- 1 пециво




Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте ги состојките за прелив. Секоја кора се премачкува прво со прелив па потоа се реди ситно сецкана шунка, рендан кашкавал, малку оригано и кечап.




Ставете една кора во намаслен плех, премачкајте ја со прелив и наредете шунка, кашкавал, додадете малку кечап и оригано по вкус. Вака наредената кора одозгора се покрива со нова кора и се повторно се филува на истиот начин како првата.




На тој начин се редат сите кори една врз друга и се филуваат, повторувајќи ја постапката додека се потрошат корите.
Убав апетит!😋
Извор : Рецепт од наша читателка Симона Илиевска



