Домашен манчмалоу колач – брз, евтин и многу вкусен!

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе го ова превкусно домашно манчмалоу, со идентичен вкус на оригиналот.

Од овој рецепт излегуваат многу парчиња, не е тешко да се направи и не одзема премногу време.

Реклама

Потребни состојки:

  • 6 жолчки
  • 12 лажици шеќер
  • 200 мл ладно млеко
  • 100 мл масло
  • 6 полни лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • 1/2 прашок за печиво

За кремот:

  • 6 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 4 лажици вода
  • 10 лажици шеќер

За глазурата:

Реклама
  • 2 чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло

Начин на подготовка:

Пенасто изматете 6 жолчки со постепено додавање на 12 лажици шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи и смесата ќе згусне и побели, додадете 200 мл ладно млеко и 100 мл масло. Промешајте.

Низ сито просејте 6 полни лажици брашно, 3 лажици какао и половина кесичка прашок за печиво. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Добиената смеса излејте ја во намаслен и наросен плех со брашно (вишокот истресете го), па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути.

За подготовка на кремот, на оган ставете 4 лажици вода со 10 лажици шеќер. Загревајте постепено додека шеќерот да се растопи и да се добие сируп.

- Advertisement -

Пенасто изматете 6 белки со постепено додавање на 12 лажици шеќер. Матете додека шеќерот целосно да се растопи и да се добие цврст снег. Млакиот шеќерен сируп постепено додавајте го во тенок млаз додека непрестајно го матите снегот од белки.

Кората извадете ја од рерна и намалете ја температурата на 130 степени. Врз кората рамномерно распоредете го кремот, израмнете и вратете го во рерна да се допече уште 5-10 минути. Кога е готов колачот направете ја чоколадна глазура и прелијте врз кремот.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -